Здружение на специјалисти по детска и превентивна стоматологија

Ул. Водњанска 17 Скопје,

Претседател: Проф. д-р. Александар Димков

zdps.macedonia@outlook.com

Жиро сметка: 300000005281880

Комерцијална банка АД Скопје

Програма за II Педодонтски конгрес во организација на МСД

II Македонски педодонтски конгрес 30.5-1.6.2024

II Македонски педодонтски конгрес   30.5-1.6.2024
Почитувани колеги, Ве известуваме дека регистрација за II Mакедонски педодонтски конгрес во организација на МСД-Здружение на специјалисти по детска и превентивна стоматологија се врши на веб страницата https://iipedodonticcongress.mk

25/04/2024

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
Почитувани колеги, рокот за рана котизација за учество на Вториот педодонтски конгрес е продолжен до 30. 4. 2024 година. Ве очекуваме!

01/04/2024

II Македонски педодонтски конгрес 30.5-1.6.2024

II Македонски педодонтски конгрес   30.5-1.6.2024
Почитувани колеги, Ве известуваме дека регистрација за II Mакедонски педодонтски конгрес во организација на МСД-Здружение на специјалисти по детска и превентивна стоматологија се врши на веб страницата https://iipedodonticcongress.mk/ Активните учесници треба да се регистрираат во делот ABSTRACT SUMBISSION. Ве очекуваме!

22/01/2024

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
Почитувани колеги, Ве замолуваме ДА НЕ УПЛАЌАТЕ ЗА СИМПОЗИУМОТ во организација на МСД-Здружение на специјалисти по детска и превентивна стоматологија кој ќе се одржи на 4.11.2023, БИДЕЈЌИ НЕ МОЖЕМЕ ДА ВИ ОБЕЗБЕДИМЕ БАРКОД.

01/11/2023

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
Почитувани колеги, ве известуваме дека Е ПОПОЛНЕТ БРОЈОТ ЗА СИМПОЗИУМОТ во организација на МСД-Здружение на специјалисти по детска и превентивна стоматологија кој ќе се одржи на ден 4.11.2023 со почеток во10ч во Х. Континентал - Скопје. Ве замолуваме ДА НЕ УПЛАЌАТЕ ЗА НАСТАНОТ, БИДЕЈЌИ НЕМА ДА МОЖЕМЕ ДА ВИ ОБЕЗБЕДИМЕ БАРКОД.

25/10/2023

СИМПОЗИУМ ДЕТСКА И ПРЕВЕНТИВНА СТОМАТОЛОГИЈА

СИМПОЗИУМ ДЕТСКА  И ПРЕВЕНТИВНА СТОМАТОЛОГИЈА
Почитувани колеги, МСД-Здружение на специјалисти по детска и превентивна стоматологија организира симпозиум со меѓународно учество Дата: 4.11.2023 Почеток: 10ч Место: Х. Континентал - Скопје Акредитиран со 8 бода од СКМ Задолжителна регистрација со кирилична поддршка на msd.org.mk во делот пријава за настан * Присуството е услов за добивање сертификат.

29/09/2023

СИМПОЗИУМ ДЕТСКО 9.4.2022

СИМПОЗИУМ ДЕТСКО 9.4.2022
Почитувани колеги, најавениот Симпозиум на Здружението на специјалисти по детска и превентивна стоматологија на 9.4.2022 година ќе се одржи на хибриден начин: на платформата ZOOM и во амфитеатарот на Стоматолошкиот факултет УКИМ Скопје. Секој кој има желба физички да присуствува на настанот, тоа треба да го потврди на телефонските броеви на МСД: 02/3092-842 или 070/308-989. Регистрацијата на страната msd.org.mk е задолжителна, независно дали настанот ќе го следите онлајн или со физичко присуство.

08/03/2022

СИМПОЗИУМ ДЕТСКО 18.9.2021

СИМПОЗИУМ ДЕТСКО 18.9.2021
Почитувани колеги, Најавениот Симпозиум на нашето здружение ќе се одржи на 18.09. 2021 година во Хотел Мериот во Скопје на т.н. хибриден начин. Тоа значи дека дел од колегите ќе присуствуваат физички, а дел виртуелно. Се потрудивме да обезбедиме сала во која ќе можат да присуствуваат 200 слушатели по протоколи, односно салата е за 450 слушатели. Во моментот на пишување на оваа објава препораките се сѐуште вакви. Но доколку стапат на сила други препораки ќе мора да се придржуваме до нив. Котизацијата за учество е 1000 денари за членови на МСД и 1300 денари за останатите. Уплатите ќе се вршат преку жиро сметката на Здружението. Драги колеги, иако бројките почнаа да растат, се надевам дека овој Симпозиум ќе го одржиме барем со делумно физичко присуство и повторно ќе се видиме. Срдечен поздрав

09/08/2021

ИЗВЕСТУВАЊЕ

ИЗВЕСТУВАЊЕ
Почитувани колеги, драги пријатели! Веќе минуваме и низ втората година од пандемијата со Ковид 19. Искрено се надевам дека сте сите добри. Минавме низ еден исклучително тежок период. Мислам дека не постои фамилија која директно или индиректно не ја почувствува „лошотијата“ на вирусот. Единствената борба со него е сите да бидеме вакцинирани, и искрено се надевам дека секој од Вас веќе заврши со таа обврска. Во периодот на оваа криза организиравме еден симпозиум кој беше виртуелен. Мислам дека бевте задоволни од настанот. Пред нас престои нов настан, симпозиум со меѓународно учество, кој ќе се одржи во Скопје на 18.09.2021 година. Во тек е акредитација за настанот и се надевам дека набрзо и тоа ќе се случи.

13/07/2021

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
Почитувани колеги, Сите што УПЛАТИЛЕ, А НЕ СЕ РЕГИСТРИРАЛЕ на симпозиумот по детска и превентивна стоматологија кој ќе се одржи во сабота на 26.9.2020 да испратат детали на нашиот меил CONTACT@MSD.ORG.MK најдоцна до крајот на денот, за да може да им испратиме линк до настанот и сертификати за истиот. Тие што се регистрирале НЕ ТРЕБА да испраќаат повторно детали на меилот.

22/09/2020

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
Почитувани колеги, Ве известуваме дека е ПОПОЛНЕТ бројот за симпозиумот во организација на МСД - Здружение на специјалисти по детска и превентивна стоматологија, кој ќе се одржи на 26.9.2020 година. Регистрацијата за истиот е затворена, оние кои се регистрирале, може да извршат уплата во рок од 24 часа.

15/09/2020

СИМПОЗИУМ ДЕТСКО

СИМПОЗИУМ ДЕТСКО
Почитувани колеги, Ве известуваме дека на 26.09.2020 година (сабота), ќе се одржи Симпозиум на Здружението на специјалисти по детска и превентивна стоматологија. Симпозиумот ќе се одржи on line преку платформата Zoom.

18/08/2020

ИЗВЕСТУВАЊЕ

ИЗВЕСТУВАЊЕ
Почитувани колеги, Ве известуваме дека е ПОПОЛНЕТ бројот за симпозиумот во организација на МСД - Здружение на специјалисти по детска и превентивна стоматологија.

25/09/2019

Симпозиум

Симпозиум
Симпозиум во организација на МСД-Здружение на специјалисти по детска и превентивна стоматологија. Регистрирајте се во делот пријава за настан

13/08/2019

СТРУЧЕН СОСТАНОК

СТРУЧЕН СОСТАНОК
СТРУЧЕН СОСТАНОК Акредитиран од СКМ со 8/4 бода Дентални интервенции кај лица со аутистичен спектар на растројства 30.03.2018 година амфитеатар ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар “Св. Пантелејмон”

06/03/2018

Прв педодонтски конгрес: Здрави заби – среќни деца

Прв педодонтски конгрес: Здрави заби – среќни деца
МСД - Здружение на специјалисти по детска и превентивна стоматологија Прв педодонтски конгрес: Здрави заби – среќни деца Уплатите се во тек! http://zsdpsm.mk

06/03/2018

ИЗВЕСТУВАЊЕ

ИЗВЕСТУВАЊЕ
Почитувани колеги, Ве известуваме дека Е ПОПОЛНЕТ БРОЈОТ за симпозиумот во организација на МСД - Здружение на специјалисти по детска и превентивна стоматологија, кој ќе се одржи на 24.9.2016 година со почеток во 10:30 часот во Хотел Белви - Скопје ВЕ МОЛИМЕ ДА НЕ ВРШИТЕ УПЛАТА НА СМЕТКАТА НА ЗДРУЖЕНИЕТО Однапред благодариме Со почит, МСД - Здружение на специјалисти по детска и превентивна стоматологија

21/09/2016

ИЗВЕСТУВАЊЕ

ИЗВЕСТУВАЊЕ
Почитувани колеги, Ве известуваме дека Е ПОПОЛНЕТ БРОЈОТ за симпозиумот во организација на МСД - Здружение на специјалисти по детска и превентивна стоматологија, кој ќе се одржи на 24.9.2016 година со почеток во 10:30 часот во Хотел Белви - Скопје Воедно ве известуваме дека следниот настан е во организација на МСД - Здружение на специјалисти по болести на забите и ендодонтот на 1.10.2016 во хотел Александар Палас. Наскоро ќе истакнеме детали за истиот. Благодариме за разбирањето Со почит, МСД

19/09/2016

СИМПОЗИУМ

СИМПОЗИУМ
МСД - Здружение на специјалисти по детска и превентивна стоматологија организира симпозиум на 24.9.2016 година со почеток во 10:30 часот во Хотел Белви - Скопје Симпозиумот е акредитиран со 8 бода од СКМ Пред уплата ЗАДОЛЖИТЕЛНА е регистрација во делот ПРИЈАВА ЗА НАСТАН Апликацијата веднаш ве изестува дали е успешна пријавата, не се испраќаат дополнителни меилови за потврда. Ве молиме да се придржувате кон инструкциите за пријава, со цел да се обезбедат сертификати за сите учесници на настанот. Однапред благодариме Со почит, МСД - Здружение на специјалисти по детска и превентивна стоматологија

25/08/2016

Годишен состанок МСД - Здружение на спец. по детска и превентивна стоматологија

Годишен состанок МСД - Здружение на спец. по детска и превентивна стоматологија
Почитувани колеги, МСД - Здружение на специјалисти по детска и превентивна стоматологија организира Годишен состанок „СТОМАТОЛОГИЈАТА ВО СЕКОЈДНЕВНАТА ПРАКСА“ на 19.3.2016 со почеток во 10:30ч, акредитиран од СКМ со 4 бода. Годишниот состанок ќе се одржи во Амфитеатарот на Стоматолошки факултет - Скопје Котизација: 800 денари, за членови на МСД 600 денари. За учество ЗАДОЛЖИТЕЛНО регистрирајте се во делот ПРИЈАВА ЗА НАСТАН. Во делот ПРИЈАВИ СЕ под флаерот потребно е да ја пополните формата за регистрација, при што ќе добиете потврда дека сте регистрирани и ќе може да уплатите за истиот. Со почит,

22/02/2016

Известување

Известување
Известување

17/09/2015

СИМПОЗИУМ

СИМПОЗИУМ
Почитувани колеги, МСД - Здружение на специјалисти по детска и превентивна стоматологија организира Симпозиум на ден 19.9.2015 со почеток во 10:30 часот во хотел „Арка“ Скопје

02/09/2015